11.5 C
Skopje

Жална Македонијо

АКТУЕЛНО

Велат не нема, ама еве сме! – овој дел од песната на Влатко Миладиновски одлично ја објаснува победата на ДУИ на овие избори. Ги отпишаа сите! Сегде, па дури и во кулоарите на албанците се зборуваше дека заминуваат. И наеднаш се појавува паролата „албанец за премиер“.

PSE JO? – или зошто да не? Тоа е можеби и најубавото нешто во оваа кампања. Што конечно и научивме нешто од ДУИ, а тоа беше нивното PSE JO, па сега веќе ќе знаеме нели што значи тоа на македонски.

Уште еднаш се докажа дека национализмот во албанскиот политички електорат победува! Наспроти сите ветувања за постабилна економија, подобро здравство, образование и што ли уште не, кај албанците си победи она PSE JO? – зошто да не албанец за премиер. Во само две реченици ДУИ со една ваква парола успеа да си ги врати своите гласачи и да добие 15 пратеници. Нормално, доколку се друго е регуларно, иако и за тоа постојат сериозни сомнежи во јавноста.

За прв пат во оваа наша жална Македонија добивме хакерски напад на Државна изборна комисија во сред изборна вечер кога се одлучува кому народот го дал легитимитетот за состав на идна Влада, структура која ќе треба да ја предводи државата. Зарем треба да набројувам уште за да разбереме колку ни е жална државата? Не! Нема потреба. Доволно е да дополниме дека откако нели се реши дилемата за тоа кој и колку пратеници освоил се појави дилемата дали и кој ќе биде премиер како и за тоа дали ќе се исполни барањето на ДУИ.

И тука мува не не лази. Нема програма, нема натпревар на идеи, нема никаква понуда. Имаме дилема – кој ќе биде премиер и зошто? Ова доволно говори за тоа колку ни е безнадежна државата. Колку само сме заостанати на патот кон Европа. Колку само сме себични и колку само имаме неспособни политичари.

Жална е Македонија во која повеќе од 18 години немаме попис во државата, не знаеме колку сме, какви сме, колку се заминати, па оттука и не можеме да знаеме кој се гласа на изборите во државата. Жална е Македонија во која имате 200 новозаболени на ден, а вие пумпате мускули и зборувате исклучиво за тоа како вашиот мандат (исклучиво албанец) ќе биде најквалитетното решение во државата, наместо да прикажете реална програма за излез од кризата која ги зафати сите граѓани на оваа држава, вклучително и албанците. Жална е Македонија во која сопственици на фирми кои станале моќни бизнисмени токму благодарение на трудот и маката на работникот, да се прават луди и да им го земат и она парче леб што ги следува работниците од државата. Е до толку ни е жална државата мои сограѓани. До толку ни е жална татковината…

А до тогаш… ДУИ на власт повеќе од.. (веќе и самиот не знам колку години се на власт)..

Loading…

Автор: Симон М.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...

Бројките се повторно страшни: За последните 24 часа од 1524 тестови, позитивни на Ковид-19 во земјата се дури 404 случаи

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 172, Куманово 15, Дебар 4, Штип 8,...

Васко Ефтов: Што не можел да направи Дурловски, а го зборувал? – дали поради ова Дурло го врати мандатот?

Веќе втор носител, од вкупно шест носители на изборните листи на ВМРО ДПМНЕ, си поднесе оставка во последните два месеци. Вчера, носителот на изборната листа...

ТАЖНА ВЕСТ Еден од најпопуларните политичари почина: Амди почивај во мир

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Фокус доби потврда од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат. Амди Бајрам пред само 6 дена...
- Advertisement -