Младо семејство, Карен и Брајан Волма, кои веќе имаат две деца, се решиле за трето дете.
Кога Карен забременува, лекарите го диагностицирале бебето со Даунов синдром. Лекари им кажале дека веројатноста детето да се роди живо биле минимални, но младите родители сепак решиле да си го задржат.
Во 35 седмица Карен се породила и за среќа на семејството, детето се родило живо, но имало бубречна недостатачност при што било приклучено на апарати и поминало над 70 денови на интензивна нега.
Во последните денови лекарите кажале дека веројатностите да живее детето се многу мали и ги прашале родителите дали имаат некаква желба пред да се збогуваат со детето. Тогаш мајката побарала да го земе детето во својата прегратка. Докторите биле против ова решение бидејќи ова значело сигурна смрт за детето, но решението било на родителите.
Одкако го земала во прегратки детето, таа започна да му пее песнички при што тоа започнало да се смее и реагирало добро на надворешниот свет. Тогаш тие решиле да си го земам своето дете од болницата и да го однесат дома. Спротивно на верувањето на лекарите дека тоа ќе бидат последните денови на детето, денес бебето има 6 месеци и си расте во својот дом, до неговите мајка, татко, сестричка и братче.