19 C
Skopje

Жената од Велес што пoчинaлa во јануари е позитивна на корона вирус, Венко Филипче се обиде да го објасни тоа

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста вирусот Ковид-19 во земјава да бил присутен и многу порано, пред официјално да се детектира првиот случај.

Прашан за коментар околу случајот во Велес, што денеска го објавија неколку медиуми, каде пред неколку дена беа пронајдени две мртви тела, починати во јануари, а во едното од нив деновиве е изолиран Ковид-19, Филипче вели:

„Не е исклучена можноста вирусот да бил присутен во нашата земја и порано, посебно имајќи во предвид што излегуваат сѐ повеќе публикации дека има и асимптоматски носители на вирусот“, рече Филипче.

Неофицијално се дознава дека извештајот на судската медицина наведува дека 79-годишната жена починала на 6 јануари. Ова е потврдено и од извештајот на судската медицина.

Жител на зграда „Не ги видовме повеќе од 3 месеци. Не знам каде би можеле да бидат заразени и како. Ние немавме контакт. Тие беа срамежливи/повлечени. Кога температурите пораснаа, почна да мириса лошо. Случајот е пријавен во полиција пред 1 недела. Ни беше кажано дека ќе дојдат, но беше викенд, и дојдоа во понеделник “.

Првиот сосед се посомневал дека нешто не е во ред кога семејството не ја добило својата пензија и социјалната помош. Таа вели дека ги известила полицијата и социјалното, но нејзиното барање било запоставено.

„Последен пат ја видов кога ми побара Лексилиум пред новата година. Жената беше уморна и не личеше на човек. Беа болни. Ние интервениравме во Социјално. Тие не зимаа пензија, јас ги пријавив во Социјално, но тие не преземаа мерки “.

„Ние сме многу загрижени за овој факт, имаме внуци и ги чувам кога децата се на работа. Старицата беше болна и кашлаше долго време “, рекоа жители на зградата.

СВР Велес не одговори на тврдењата на жителите, бидејќи началникот на полицијата бил на состанок во Кризниот штаб. Станот е затворен. Тимовите за судска медицина ќе продолжат со дополнителна експертиза, додека во зградата е направена основна дезинфекција. Овој случај предизвикува сомневања дека вирусот во Македонија е присутен, можеби дури и во декември или јануари, кога жртвата била заразена.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

УХМР предупредува: Останете дома, доаѓа невреме (Фото)

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Што ДУИ ќе добие од владиниот колач доколку направи коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?

Од PSE JO или зошто да не премиер Албанец до „Можеме уште повеќе, уште подобро“ има огромна разлика. Едните се препознатливи само по ветувањето...
- Advertisement -