fbpx
12.8 C
Skopje

Жерновски за австриски „Ди пресе”: Партијата на Груевски предизвикува хаос

АКТУЕЛНО

Градоначалникот на општина Центар Aндреј Жерновски, во интервју во денешниот број на угледниот австриски весник „Ди пресе“, одговарајќи на прашања од новинарот за актуелната политичка состојба, упати жестоки критики за работата и одесувањето на досегашната Влада.

„Имаме мнозинство за една нова коалициона Влада, но не добиваме мандат од претседателот на државата. Тој е од истата партија на поранешниот премиер и ја игра играта на неговата партија. Овае уставна криза, бидејќи претседателот работи спротивно на Уставот“, оценува Жерновски.

 

Еве го интервјуто Жерновски за „Ди пресе“:

Прашање:Критичарите на Вашиот модел на коалицирање од Социјалдемократите и исто мисленици велат дека на овој начин албанскиот кампус во Македонија би добил повеќе власт?
Жерновски: Во минатото, на власт секогаш била една македонска и една албанска партија. Исто така и ВМРО-ДПМНЕ на екс- премиерот Груевски коалицираше со албанските партии. Овој пат, албанските партии не сакаат со него да права ткоалиција, бидејќи од своите гласачи тие затоа беа казнети, токму затоа што досега коалицираа со ВМРО. За прв пат Албанците во голем број гласаа за една македонска партија. И тоа е добар знак. Гласачите се позрели од многу политичари.

Прашање:ВМРО Ви префрла дека албанскиот јазик сакате да го направите втор службен јазик и земјата да ја поделите според етнички критериуми. Како го коментирате тоа?
Жерновски: Ние сакаме фер локален развој и правична поделба на парите – сеедно дали се работи за подрачја населени од Македонци или од Албанци.Не се работи за конфедерација или нешто слично. Се работи за тоа, секој да ги има истите права. На то јначин ќе добиеме една посилна, а не послабаМакедонија. Нашите противници сега се обидуваат да одиграат на картата на наводните интеретнички проблеми.Како што тоа секогаш се случува наБалканот кога има кризи, бидејќи имаме повеќе историја отколку што можеме да поднесеме.

Прашање:ВМРО исто така кажа дека при промена на власта, затворањето на балканската рута ќе биде вратено и повторно многу бегалци ќе дојдат во Средна Европа.
Жерновски: Тоа е смешно. Зошто ние тука нешто би менувале?

Прашање:Се плашите ли дека протестите во Скопје можат да доведат до уште понасилни инциденти?

Жерновски: Сето тоа е организирано од страна на Груевски и од сеуште владеачката ВМРО. Тие н авласт можат да останат, само доколку предизвикуваат хаос. Бидејќи ако има мирно предавање на власта, тие ќе го изгубат своето влијание. Поради скандалите во кои се заплеткани, сакаат да си ја спасат сопствената глава.

Прашање: Доколку и понатака нема решение и претседателот на државата ја спречува коалицијата со албанските партии, како ќе реагирате тогаш?
Жерновски: Сакаме да бидеме трпеливи. Иако и пред изборите имаше огромни тензии, ние рековме: Ние власта сакаме да ја смениме со пенкало, а не со други средства. Тоа народот го покажа при изборот и тоа е многу важен сигнал. Ние ја имаме подршката од меѓународната заедница, бидејќи таа разбира, што се случува. ВМРО сигнализираше дека треба да има нови избори. Но, новите избори нема да променат ништо. Тие само ќе ја зголемат кризата. Ние имаме ново мнозинство и тие мораат тоа да го прифатат.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -