18 C
Skopje

„Жива си, а не живееш. Се смееш, а плачеш во душата“: Апел за помош на Марга која боледува од церебрална парализа

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

Марга има да ви каже нешто.

„Жива си, а не живееш… Се смееш, а плачеш во душата… Имаш пријатели, а затворена си во својата самотија, осаменост и тага… Сакаш да трчаш, но паѓаш….“

„На овие години сакаш да имаш некој што те сака, сакаш деца да ти трчкаат околу тебе, сакаш некој да ти рече „мамо“, сакаш семејство и нормален живот, сакаш, сакаш многу работи што се нормални и секојдневни и постојат за сите, но не и за тебе…“

„Сè што сакаш е да имаш живот, а имаш само болници и лекови (суплементи, витамини, додатоци во храна итн.) откако знаеш за себе… На овие години зависиш од родителите кои сè уште се тука, за среќа, но што после нив и како?“

Ахх, овој живот луѓе… Марга вика: „Знаеш колку пати сум паднала, ехеее, на тротоар, во маркет, на улица итн. и луѓето ќе те погледнат и си викаат ќе стане де, а јас не можам да станам, раката не ми функционира да се потпрам за да станам, ногата ми откажала, затоа и паднав. И некогаш седам така падната и едвај собирам сили да не се расплачам на цел глас и да им викнам ПОМОГНЕТЕ МИ, не можам сама! И се мачам да станам, седам така и се трудам да не ги гледам луѓето што ме одминуваат, се трудам да не се самосожалувам, се трудам сама да се исправам, а знам дека не можам, некој мора да ме крене во тие моменти кога ми откажува телото… А во себе вриштам и плачам!“

Вака Марга го живее својот живот секој ден, падни-стани… И после толку паѓања, стотици пати раскрвавени колена и преживеан потсмев, задржани солзи кога ти се вришти, конечно има надеж! Сега е речиси исправена. Стои речиси сама, не се држи веќе за ништо… После неколку операции, конечно животот добива смисла!

Целиот текст можете да го прочитате на Фемина – да помогнеме на Марга! Линк ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Со изведба на одбрани арии отворено јубилејното 60. „Охридско лето“

Охрид од вечерва до 30 август ги живее своите 28 дена возбуда што ги носи Фестивалот „Охридско лето“. Со познати арии во изведба на...

СЗО ја повика Русија да ги следи меѓународните насоки во производството на вакцина против ковид-19

Светската здравствена организација ја повика денеска Русија да ги следи меѓународните насоки во производството на вакцина против ковид-19, откако оваа земја рече дека ќе...
- Advertisement -