10 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Животот пишува романи: Бездомник добил половина милион долари на грепка

На бездомникот од Аспен, Мајкл Енгфорс му се насмевнала среќата кога на лотарија добил награда од 500.000 долари. Во ливчето вложил 10 долари.

– Мајкл никогаш не се откажа. Знаеше дека среќата ќе му се насмевне – изјавил Џереми Ковалис, директор во Центарот за бездомници во Аспен за телевизија од Денвер.

Инаку, Мајкл во последните неколку години се соочил со развод, проблеми со алкохолот, а ги загубил домот и работата.

Скромниот Енгфорс изјавил дека со парите ќе купи еден пар скии, но најпрво ќе се поврзе со ќерката која ја нема видено 20 години.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.