fbpx
21.8 C
Skopje

Знаете ли зошто копчињата „F“ и „Ј“ имаат цртички на тестатурата?

АКТУЕЛНО

Дали некогаш сте се запрашале зошто буквите „Ф“ и „Ј“ на тестатурата од вашиот компјутер или лап топ имаат цртичка?

Епа еве ви го објаснувањето:

Првите машини за пишување имаа распоред на тестатурата која беше организирана по азбучен ред. Програмерите биле убедени дека ова е најлесниот начин на пишување, затоа што они кои пишуваат го знаат редоследот на буквите. На крај излезе дека овие машини биле неефикасни, а они кои пишувале не биле продуктивни.

Кристофер Латам, човекот кој го прв ја направи машината за пишување, одлучи да направи нов распоред на буквите, оној кој денес го користиме, т.н „QWERTY“ тестатура.

Распоредот е таков што на прстите на левата рака се наоѓаат ASDF, а на десната JKL. Тоа се нарекува почетен ред. Буквите „F“ и „Ј“ се всушност првите букви на современите тестатури. Овој распоред им овозможи на луѓето да пишуваат без да гледаат во тестатурата, па така необичниот и нелогичен распоред придонесе ред и ефикасност.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -