fbpx
21.8 C
Skopje

Знамиња

АКТУЕЛНО

Македонското државно знаме конечно го видовме да се вее таму каде што најмногу му прилега, а имено до знамето на САД, кои беа во основата на македонската каква таква независност од 1991 г. Грешка на македонските политичари е тоа што не застанаа рамо до рамо со Вашингтон, а продолжија да водат просрпска политика и по осамостојувањето на Македонија. Нашите политичари продолжија да играат на картата на антиалбанството и секако да ја негуваат старата српска: „Ако не знаеш по кого да удриш, удри по Бугарите“.

Ја имаме честа да сме сведоци на првите чекори од вистинското осамостојување на Македонија. Сега е потребно едно убаво превоспитување на старите кадри или пак ако морковот не заврши работа, чистење од корен. Патот ќе биде тежок, но јас верувам во Македонија. Таа може да застане на нозе, со помошта на САД и западните сили.

На тие кои како навиени ја повторуваат 2001 г., што да им речам? Да Американците застанаа позади Албанците, ама ако ние не бевме дотолку навлезени во српскиот филм, немаше ни да има потреба Јенките да заземаат страна, бидејќи немаше да ја има ни 2001…

Ќе живеевме како браќа со Албанците и немаше да има потреба да делиме било што. Ако не друго барем ќе го исполневме аманетот на Александров и Хасан беј Приштина.

Америка ни помогна пред 26 години. Ќе ни помогне и денес директно и преку своите сојузници на Балканот (тука мислам пред се на Бугарија) за да ја доосамостоиме Македонија. Таа го заслужува тоа, а ние сме должни да го направиме.

Пишува: Батко Тане

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -