fbpx
14.8 C
Skopje

Зоран Заев: Да разграничиме дека од регионот Македонија, ние сме Северниот дел

АКТУЕЛНО

Со Договорот од Преспа имаме целосна заштита на македонскиот јазик, порача премиерот Зоран Заев вечерва на трибината „За Европска Македонија“ во Македонска Каменица.

– Градот на Јаков од Камена Река кој што е првиот печатар кој отишол во Венеција и се вратил со испишани книги на првиот јазик на кој со гордост зборуваме денес е одличен доказ дека јазикот е нешто по кое сите не познаваат.

Конечно со договорот од Преспа имаме целосна заштита на нашиот македонски јазик. Договорот е потпишан од грчка страна што значи тие го признаваат нашиот идентитет, рече Заев.

Тој дополни дека правењето компромис со Република Грција е вековна придобивка за нашата држава.

– Направивме компромис и разграничивме дека од тој историски регион Македонија ние сме северниот дел. Ова е вековна придобивка за нашата Македонија, исто како што е придобивка потпишувањето договор со Република Бугарија со што проблемите кои ги имавме со соседите ги решаваме, потенцира Заев.

Премиерот се осврна на дел од придобивките на Република Македонија со влегувањето во НАТО и ЕУ.

– Знаејки дека Македонија од својата независност досега имала економски раст, но народот не ја почувствувал благодетта, решивме дека крајно време е како народ и нација да се средиме. Ако сакаме перспективи со достоинствени приходи, сите знаеме дека мора да се отвориме како држава.

Со интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, ние никогаш повеќе не треба да стравуваме за својата безбедност. Тоа е уште една голема придобивка за државата, рече премиерот Заев. Како што истакна, 30 септември е датум кога на Европа треба да и се покаже дека овде референдумите успеваат со што граѓаните ќе ги покажат своите европски вредности.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -