fbpx
1 C
Skopje

Зошто „европско“ ВМРО–ДПМНЕ?

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

ФОТО: Поглед

 

Нација

Мултиетничкиот карактер на Република Македонија има силно влијание врз внатрешно политичките односи во земјата, но и врз политичките програми и конкретните политики на политичките партии. Кај ВМРО – ДПМНЕ тоа прашање има толку силно влијание, што проблемот со карактерот на нацијата на внатрешен план и потребата да се истакне националната припадност и идентитет поради разни меѓународни проблеми, како проблемот на Грција со името на државата, е издигнато на ниво на вредност на партијата. Прашањето на концептот на нацијата и заштита на националниот идентитет е третирано во сите програмски документи, резолуции и предизборни програми на партијата од основање до денес.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик… Во време на глобализација, прашањето на карактерот и иднината на нацијата се подеднакво актуелни. Односот на граѓанинот кон нацијата е жива тема. Сите прашања во врска со нацијата се прашања што се однесуваат на животот на обичниот човек. Современата релација меѓу државата, нацијата и поединецот ја определува нацијата како простор за дејствување на поединецот. Република Македонија е хетерогена национална држава. Во таа смисла, таа се разликува од хомогена национална држава по тоа што не се гради врз чист етникум, како единствен сочинител на државата. Хетерегената национална држава го нагласува фактот дека политичкиот живот во една држава се темели врз општо прифаќање на националните обележја, за кои се врзува мнозинството на етничките, верските и на културните заедници што ја одредуваат хетерогеноста.“ – Преродба во 100 чекори – Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2006-2012. Нацијата и националната свест, за ВМРО – ДПМНЕ се од огромно значење за опстанок на државата. Тие го креираат карактерот на општественото уредување, од нив произлегува и се гради свеста на секој поединец. ВМРО – ДПМНЕ инсистира на силна припадност кон нацијата, обединета и здрава нација. Одговор на новите предизвици кои произлегуваат од односите помеѓу државите, особено од процесите поврзани со глобализацијата, е опстојување на современа национална свест, во која припадноста и лојалноста кон државата има клучна улога, отворена нација кон останатите во соседството и светот. „ВМРО-ДПМНЕ ја отфрла идејата на самодоволна нација. Нацијата не е самодоволна, таа е нужно свртена кон другите.

ВМРО-ДПМНЕ ја нагласува меѓузависноста на државите… Современото сфаќање на нацијата јасно се повикува на барањето за универзален напредок и меѓусебна поврзаност на нациите. Суверенитетот на македонската нација не значи загрозување на која било друга нација. Подеднакво, суверенитетот на друга нација не го разбираме како загрозување на македонската нација. ВМРО-ДПМНЕ е партија што втемелува меѓуетничка толеранција, мирољубие и разбирање меѓу соседите. Никогаш нема да дозволиме правата на една нација да бидат пречка за остварување на правата на друга нација.“ – ДОКТРИНА – Вредности на ВМРО – ДПМНЕ, 2007 година. Силниот национален идентитет треба да ги признава различностите кои ги обединува современата македонска нација. Рамноправното учество на сите етнички идентитети кои ја сочинуваат македонската нација е загарантирано. Се бара чувство за припадност кон нацијата, а внатрешно се гарантира „лингвистичка и културна разноликост, за непопречен развој и креативен меѓусебен натпревар меѓу сите етнички идентитети што живеат во Македонија. Заложбата се надополнува за инсистирање на „поздрава нација што ги почитува традиционалните христијански вредности, вклучувајќи ги и вредностите на семејството и создавање потомство. Силана национална припадност значи силен поединец, кој националниот интерес го става пред личниот. „ВМРО-ДПМНЕ е против општество во кое „владее егоизмот на интереси“. Без нација и национална свест нема еманципација од последиците на егоизмот.“ – ДОКТРИНА – Вредности на ВМРО – ДПМНЕ, 2007 година. Современото разбирање на нацијата повикува на припадност кон неа, но и почит кон другите нации во светот. ВМРО – ДПМНЕ карактерот на поединецот и на нацијата ги разбира на следниот начин „Македонецот е патриот и македонската нација е неговата татковина.“

Овој концепт на поимање на нацијата, како доминантен во досегашниот период, отвара низа прашања. Дали истиот е доволна основа за оспорување на концептот на „Едно општество за сите“, промовиран од политичката конкуренција во последниве две години, или има потреба од сериозна критика како резултат на која ќе дојдеме до поквалитетни решенија кои ќе го отворат патот за проширување на влијанието на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и кај останатите ентитети во Република Македонија. Дали истиот е во коализија со нашето поимање на „реалниот човек“.

Антикомунизам

Почетокот на политичкото дејствување на ВМРО – ДПМНЕ на македонската политичка сцена е препознатлив по силниот антикомунистички концепт. Меѓутоа, под тој антикомунистички концепт, се подразбира малку поширок опус на залагања, не се подразбира само отфрлање на комунизмот или социјализмот како утопистички идеологии со лажни верувања, туку под тој термин припадниците на партијата подразбираа и антиколонијализам, антијугословенизација, антитоталитаризам, отварање на земјата кон светот и сл. ВМРО – ДПМНЕ комунизмот го смета за идеологија на лажни ветувања и неостварливи илузии, идеологија на лажни вредности кои му се наметнуваа на човекот. Како алтернатива на тоталитарниот концепт на комунизмот, ВМРО – ДПМНЕ го нуди концептот на политичкиот конзервативизам. Тој концепт се надоврзува на борбата за слобода и за национална самостојност, на идеите на европската народна и демохристијанска традиција, кој се темели на традиција и припадност. На местото на комунистичкиот или социјалистичкиот надчовек се нуди реалниот човек, на местото на колективизмот се нуди индивидуализмот, се нуди поединецот кој „има подлога во традицијата, во државната, националната, и во групната припадност.“

„Конзервативизмот е од другата страна на невтемелениот цинизам, кој вели „јас си припаѓам само себеси“ и од другата страна на „наивниот, романтичен космополитизам“ кој вели „јас му припаѓам само на светот“, односно не припаѓам никаде. Конзервативизмот е сомничав кон секоја наметната идеализирана слика на човекот, подеднакво како што се противи на наметнувањето догми и морален релативизам. Конзервативизмот е врзан за стварноста.“ – ДОКТРИНА – Вредности на ВМРО – ДПМНЕ, 2007 година. Истакнатиот декларативен антикомунизам од почетокот на политичкото дејствување на ВМРО – ДПМНЕ, постепено се замени со конкретна понуда на алтернативни политики кои го афирмираат „реалниот човек, верата, духовноста, трудољубивоста, чесноста, гостпримливоста, толеранцијата, отвореноста кон добродетели, кои верата во Господа со векови ги проповеда на овие простори.“

Можноста истово да го истакнам и реафирмирам во моето обраќање за време одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба – 23.10.2017 година, ме направи наполно задоволен.

Дали им робувавме на овие вредности почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ или на еден човек и неговите интереси?

Дали работевме во насока на спроведување на овие декларирани политики, кои извираат од Доктрината на ВМРО-ДПМНЕ и традицијата на ВМРО?

 

Пишува: Петар Богојески

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Германија воведе нови построги правила за влез

За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез...

Несекојдневна сообракајka во Скопје: Велпсипедист преазил пешаk, па избегал

Во текот на вчерашниот ден во 14: 10 часот во Скопје на улица „50-та Дивизија“ велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило...

Кои хороскопски знаци се најкомпатибилни?

Одредени карактеристики од хороскопските знаци ни кажуваат на кој начин ќе функционираат два знаци во една врска па затоа тие можат да бидат корисни...

Зeмјотрес во Aлбанија, почувствуван и во југозападниот дел на Македонија

Земјотрес со јачина од 3,1 степен, се случи попладнево во Албанија. Земјотресот се случил во 14:08 часот по локално време, а бил почувствуван и...

Сeстратa нa Тоше 14 години прави една иста работа на овој ден од овој детаљ на роденденската торта ќе ви надојдат солзи (Фoто)

Да беше жив денеска најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 40 години. Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови...
- Advertisement -