10.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

Зошто Сити да плати 400 милиони во јануари за Меси кога може да го добие за НУЛА евра?!

Медиумите од Шпанија и Англија говорат за нов сензационален трансфер речиси двојно поскап од оној на Нејмар, но во целата вест има неколку „дупки“

Често се појавуваат гласини за мега трансфер на Лео Меси, но последните немаат никаков допир со логиката.

Неколку медиуми од Англија и Шпанија пишуваат дека Манчестер Сити е подготвен во јануари да плати 400 милиони евра за ангажман на Аргентинецот.

Ѕвездата на Барселона официјално се уште нема ставено потпис на нов договор, тој е обврзан кон „Каталонците“ до 30. јуни 2018, па како што стојат работите веќе во јануари може да потпише пред-договор со било кој друг клуб.

Тоа значи дека „Граѓаните“ во јануари можат да го добијат Лео Меси за НУЛА евра, и само ќе треба да почекаат шест месеци за тој да го облече нивниот дрес.

Сепак, доколку на Шеикот навистина му се брза и толку многу сака да го види играчот во својот тим уште на стартот од 2018, треба да ја плати откупната клаузула вредна 250 милиони евра, а не 400 како што се вели во последните стории.

Работите малку ќе се искомпликуваат доколку Лео Меси стави потпис на новиот договор, кој според Барса веќе е на сила и фали само протоколарната фотографија на која играчот треба да ги потпише документите.

Аргентинецот со еден ваков потег јасно ќе стави дека не помислува да замине од Камп Ноу, но доколку Шеикот и во овој случај биде упорен, ќе треба да одвои 300 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула во новиот договор, а не 400 милиони евра.

Повеќе за ова на 24Фудбал

Извор: 24Фудбал

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -