Зошто занаетчиите не се опфатени со ниту една владина мерка?!? Фризери, козметичари, златари, фотографи, електроничари, металци, електричари, автомеханичари, оптичари, столари, шивачи, чевлари, каменоресци, цвеќари, слаткари, пекари, графичари, градежници, итн…
Пандемијата на коронавирус го погоди целиот занаетчиски сектор. Нема побарувачка на занаетчиски производи и услуги или пак е максимално намалена. Тој е сектор каде што најчесто работат цели семејства. Во занаетчискиот регистар се регистрирани занаетчии кои функционираат како самовработени лица, но и кои имаат вработено. Околу 5.800 занаетчии и уште 3.300 вработени.
Владата ги заборави занаетчиите и вработените во овој сектор кои припаѓаат на мал и среден бизнис. Со досегашни мерки, занаетчиите не се опфатени во ниту една мерка!
„Со цел бизнисите да останат ликвидни, се приклучуваме кон барањето да се додадат занаетчиите во можност за апликации на кредитите од Македонска банка за поддршка на развојот“ – вели Тикваров. Ова беше истакнато од Занаетчиската комора утрово. Исто така, овие лица требба да бидат соодветно опфатени со мерките за финансиска помош во месец април и мај.