Судско рочиште за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески, денеска треба да се одржи во Кривичниот суд во Скопје. Во обвинението, кое е во надлежност на СЈО, се наведени докази за незаконски организиран автобуски превоз за ученици, со кој биле злоупотребени 360.000 евра од општинската каса. Освен Талески во овој предмет на СЈО обвинети се уште 20-тина лица од Битола.