21.8 C
Skopje
Tuesday, July 23, 2024

Велат нема подобар појадок од овој: Ги чисти цревата и ги топи килограмите како од шега, а многу е здрав

Овесната каша генерално се препорачува како најздрав појадок за слабеење

Овесната каша се смета за еден од најздравите појадок, додека многумина не можат да замислат утро без омилената каша. Освен што ги чисти цревата, е идеален избор и за слабеење, поради што е составен дел од различни диети.

Како прво, овесната каша е полна со растителни влакна и ќе ве одржува сити подолго време. Второ, една студија од 2016-та година објави дека јадењето појадок направен со јаглехидрати со „бавно ослободување“, како што се овесна каша или житарки од цели трици, три часа пред вежбањето може да ви помогне да согорите повеќе маснотии.

Како? Јадењето јаглехидрати со „бавно ослободување“ не го зголемува шеќерот во крвта толку високо како јадењето рафинирани јаглехидрати (на пример, бел леб). За возврат, нивото на инсулин не се зголемува толку високо. Бидејќи инсулинот игра улога во сигнализирањето на вашето тело да складира маснотии, намалувањето на шеќерот во крвта може да ви помогне да согорите маснотии.

РЕЦЕПТ

Состојки:

овесна каша без адитиви – само овес

1 лажица какао

1 лажица сурови лешници

2 лажици суво грозје

1 кисело јаболко (или овошје по избор: банана, боровинка, брусница)

1 лажица ленено семе (мелено)

1 лажица чиа семе

вода

1 лажица мед

Подготовка:

Сите суви состојки измешајте ги во сад – количината на овесна каша е по желба. Додадете топла вода и мед, потоа јаболко и измешајте сè. По 5 минути веќе можете да јадете. Овој вид на појадок ќе ве држи сити до ручек.

Извор: stil.kurir.rs

поврзани објави

Последни објави