4.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Шокантен настап на рускиот патријарх – бугарскиот претседател доби руска лекција во својот кабинет

Рускиот патријарх Кирил без никакви дипломатски ракавици му соопштил на бугарскиот претседател Румен Радев, и тоа во неговиот кабинет во Софија дека Бугарија ја фалсификува историјата, негирајќи ја улогата на Русија во ослободувањето на Бугарија од осламнислата власт.

Рускиот Патријарх Кирил, чија прес служба го објави и видеото од средбата, на моменти и со повишен тон, шест минути му држи лекција по историја на претседателот на Бугарија, а Радев внимателно само го слуша.

Настапот на Патријархот Кирил, повеќе наликуваше како на настап од политички комесар, кој дошол во Софија да пренесе јасна порака за Бугарија.

Патријархот Кирил неколкупати му посочува на Румен Радев дека е разочаран од сознанието дек Бугарија, за која Русија дала крв, ја негира улогата на Москва во нејзината слобода.

Погледнете го ова шоу на поглаварот на Руската црква од средбата со бугарскиот претседател.

 

поврзани објави

Последни објави