3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Високи странски гости ќе бидат сведоци на утрешното историско потпишување на договорот за името

Метју Нимиц, Федерика Могерини, Јоханес Хан и Розмари Ди Карло, одговорна за политички работи во тимот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе бидат сведоци на потпишувањето на договорот за името утре во 9:30 изутрината по македонско време во Преспа на грчка страна меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, брифира за ТВ 24 висок владин функционер. Истиот функционер вели дека од регионот нема да присуствуваат политичари.

Според истиот функционер во македонската официјална делегација освен премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров ќе бидат вицепремиерите Бујар Османи, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски.

На потпишувањето ќе присуствува и голема собраниска делегација, а поканети се и дел од градоначалниците.

Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се обратат по потпишувањето, по што ќе следи и официјална премиерска средба и ручек на македонска територија.

Владини извори велат законот за ратификација планирано е да помине на Владина седница во понеделник во 9 часот утрото , по што ќе биде пратен во Собранието.

Пред да го ратификуваат договорот пратениците, ќе мора да помине на комисија за надворешна политика со која претседава Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

Дискусиите не се ограничени, и законот за ратификација може да заглави, па затоа неофицијално се размислува да биде пратен со европско знаменце.

поврзани објави

Последни објави