11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Расправата за договорот во Парламентот ќе трае најмногу три дена, Џафери очекува истиот да биде ратификуван до петок

Договорот за името утре влегува во Собранието, каде што пратениците ќе ја почнат расправата за потребата од негова ратификација. Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа седницата откако денеска се сретнал и со координаторите на пратеничките групи.

Според неговите очекувања истиот ќе биде ратификуван до петокот.

Европското знаменце, сепак, го обврзува Талат Џафери, матично тело за овој закон да биде Комисијата за европски прашања. Откако ќе биде изгласана  потребата од донесување на предлог-законот, расправата се сели во собраниската комисија. Расправата за овие договори може да трае најмногу три дена.

 

По ратификацијата, договорот треба да биде испратен до претседателот Иванов, кој има рок од седум дена да го потпише. Доколку го употреби правото на вето, договорот повторно оди во собраниска процедура, а доколку повторно биде изгласан, пак  се враќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.

поврзани објави

Последни објави