3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Франција и Малта преземаат четвртина од мигрантите

Малта и Франција се согласија да преземат 100 од 450 мигранти спасени од еден рибарски брод во Медитеранот, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конти.

Тој рече дека двете земји на тој начин одговориле на неговото барање упатено до сите членки на ЕУ да го „поделат товарот на мигрантите“.

– Тоа е важен резултат, напиша Конте на Фејсбук.

Во петокот во Медитеранот беше пронајден рибарски брод со 450 мигранти кој предизвика нов спор меѓу Италија и Малта, затоа што Малта тврдеше дека бродот е во италијански води, додека Италија сметаше дека е во водите на Малта и оти таа би требало да се погрижи за него.

Италија вчера мигрантите ги префрли на два помали брода на Крајбрежната стража, но одби да им дозволи да влезат во земјата.

поврзани објави

Последни објави