Покрај подобрите услови во работата и поголемите можности кои ми ги пружа туѓата земја, ја напуштив татковината поради фактот што токму туѓата ми понуди подобри услови за живот и градење на иднина за моите деца, сигурност и чувство на безбедност.
И покрај моите лични, но и семејни заложби да успееме да бидеме свои на своето, гарнитурите на власт (без разлика од која партија доаѓаат) ни удираа шлаканици, секој еден член од семејството со исклучок на моите мали деца работевме како робови, а бевме платени колку да можеме само да си ги покриеме сметките. За живот?! Немаше!
Луѓето немаат работа па некогаш се одлучуваат “на дај што може – подобро нешто отколку ништо“. И така функционираат уште многу семејства во мојата татковина Република Македонија. Работат колку да преживеат. Јас за разлика од нив, бев еден од оние кои се одлучи да замине надвор и да ја проба својата среќа негде во туѓа земја, односно да проба да биде свој на туѓото.
Најпрвин заминав во Италија, работев четири месеци, а потоа по препорака и помошо од пријател заминав во Австралија, од каде што сега го пишувам ова мое писмо.
Токму Австралија е местото каде што успеав да се изградам себеси како успешен човек, кој гордо може да каже дека утре ќе има што да им остави на своите деца на кои им пружил нормален и убав живот.
Многумина сега ќе кажат – да, им пружил, ама сигурно работел како роб! И дел од тоа е точно, работев многу, имаше денови кога работам како црнец, но мојот труд, мојата работа беше почитувана не само од оној кој ме плаќа, туку и од државата во која што живеам и ги трошам моите пари.
Но како робови работат и моите пријатели, соседи, моите роднини кои останаа во Македонија. Но не се платени! Таму, владејачките гарнитури ги третираат како робови, додека тие дебело крадат од државниот буџет и ја третираат државата како цицка од која можат 24/7 да цицаат.
За жал, мајка Македонија уште не роди таков син, кој нема да гледа само за себеси и потесниот круг околу себе, туку од Македонија ќе направи држава во која нејзините граѓани ќе бидат почитувани.
Во овие тешки времиња, сакам овде од Австралија, да им порачам на моите браќа и сестри Македонци – промената на името или додавката во името нема да ви донесе подобар животен стандард, нема да донесе подобри плати, поголеми пензии, подобро здравство, квалитетно образование итн итн…
Промената на името нема да донесе подобар живот за НИКОЈ! Зошто? Затоа што во Македонија драги мои не е дека нема пари! Има пари! Има пари за сите! Но, ние немаме држава бидејќи повеќе од 27 години некој ни ги краде тие пари, парите на граѓаните!
Кога некој ќе ми рече – ти немаш право да збориш, оддалечен си 20. 000 километри од Македонија, јас му одговарам: Будно ја следам политичката ситуација во Македонија и сакам да порачам – Македонија е библиска земја и никој нема право да ја отпишува, да се пазари за нејзиното име, нејзиниот јазик и знаме. Кој е тој кој што може во името на целиот македонски народ, без разлика дали тој живее или не во Македонија, да ја прекрстува татковината, земјата на нашите браќа, сестри, татковци, дедовци и прадедовци, кои ги дале своите животи за ова парче земја?
За ова сакам да додадам: Подготвен сум во името на сите нив, во името на моите прадедовци да го дадам целото мое богатство за овој референдум да не успее! Овој мој потег ќе покаже дека не сите Македонци се исти и се Македонци само кога цицаат од државата, истовремено и ја продаваат државата!
Јас сум подготвен да ги дадам сите мои пари, заработени во некоја туѓа држава за мојата држава, за мојот народ, за мојата Македонија!
Дали сте и Вие?!
Виктор Петрески
Редакцијата на Поглед се оградува од ставот на читателите