Продолжува бескрајната низа на скандали во фондот за иновации.
Меѓу добитниците на парите од Фондот за иновации и технолошки развој е и стружанецот Бошко Нелкоски кој со својата фирма “Нелковски Органик фуд ДОЕЛ” ќе добие над 6 милиони денари или околу 100 илјади евра.
Фирмата на Нелковски ќе произведува органски путер од лешник.
Бошко Нелковски на македонската јавност и стана познат како директор на Агенција за младински образовни програми.
Во негово време во 2010 година ЕУ неколку години ги суспендираше парите за млади во МКД и испрати финансиска инспекција.
“Владата го разреши Бошко Нелковски, директор на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност заедно со целиот управен одбор. Според медиумите, злоупотребите се должат на непотизам и селективно делење на европски пари на невладините организации блиски до ВМРО ДПМНЕ каде Нелковски е член на раководството на Унијата на млади сили на оваа партија. Поради овие малверзации, наскоро во Македонија ќе пристигне и специјална комисија на ЕУ за да ги истражи сите детаљи околу оваа афера.
Но, кој е Бошко Нелковски? Нелковски, кој е роден во Струга, студирал општествени науки во Бугарија на универзитет во Софија. Таму остварил одлични врски со бугарските политичари и луѓето кои обезбедуваат лични карти и државјанства за граѓаните на Македонија, па паралелно со студиите во Струга имал агенција за издавање бугарски лични карти и пасоши.
Вујко му Славко Котевски, како претседател на струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ, бил кандидат за градоначелник на Струга и активно работел во НВО „Око“, напиша во февруари 2010 година магазинот Глобус за случајот Нелковски и укинувањето на европските младински проекти во земјава.
Осум години подоцна Нелковски добива 100 илјади евра за иновација “Путер од еколошки лешници”.
Извор: Екпрес