3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Директорот ги тера на протест, ученичка му возвраќа: Не сме тука да држиш политички говори

Директорот на прилепската гимназија Мирче Ацев, Кирил Николоски, со политички говор ги убедува учениците да излезат на протестот „За заедничка Македонија“,но во меѓувреме тие го снимаат и ставаат неговиот говор на социјалните мрежи.

Тој во својот говор ги поттикнува учениците да се приклучат на протестите зошто ќе се воведела двојазичност, менување на химна, менување на знамето и воведување албански монети.

Во еден момент една ученичка му возвраќа на директорот: Директоре уште поголема срамота е во образовна институција да ни држите политички говори! Тие велат дека не сакаат да одат на протестот туку да се одржи наставата.

поврзани објави

Последни објави