3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Со македонското знаме настапи на „Ол-Стар“ сега уште еднаш покажа дека е горд на Македонија (ВИДЕО)

Охриѓанецот Чеди Осман не заборава од каде доаѓа и не пропушта шанса да покаже колку е горд на Македонија.

Осман неодамна ја воодушеви Македонија кога на „Ол-Стар“ натпреварот на кој доби повик настапи со патики на кои го имаше македонското знаме. Момчето родено во Охрид на едната патика го имаше македонското, а на другата турското знаме.

После натпреварот тогаш Осман истакна дека сакал да искаже љубов и благодораност.

„Јас сум роден во Македонија, а играм за репрезентацијата на Турција. Со ставањето на знамињата на моите патики сакав да искажам благодарност и љубов до двете земји кои ме подржуваа во се“, изјави Осман после натпреварот во кој тимот на светот беше поразен од Американците.

Сега во едно видео повторно ја изрекламира нашата земја.

Осман се опишуваше себеси и кажа дека знае турски, српски, македонски и англиски јазик. Омилено јадење му е бурек, Охрид е ноговото омилено место за одење на одмор.

Навистина ова момче заслужува почит затоа што иако не настапува за нашата селекција и ја напушти Македонија на само четири години секогаш истакнува колку е горд на земјата во која е роден – уште едно големо браво Осман!

Извор: Спортски.мк

поврзани објави

Последни објави