fbpx
18.8 C
Skopje

18 часовниот пост на Салах пред финалниот меч во ЛШ може да влијае на крајниот исход!?

АКТУЕЛНО

Навивачите на Ливерпул ширум светот оваа сезона го слават Мохамед Салах како нов светец, бидејќи „египетскиот Меси“ навистина одигра фантастично на сите фронтови. Стрелаше симпатичното момче против секој противник, даваше голови со лева, со десна, дриблаше и се смееше, секогаш се смееше. Насмевката под густата виткана коса, а над темната црна, вистинска „old school“ брада стана негов заштитен знак како и мајсторството за лесно постигнување голови.

Човекот кој го доби името по пророкот Мухамед, основачот на Исламот, ги одведе „Црвените“ до финалето од Лигата на шампионите каде во сабота ги чека актуелниот владетел Реал Мадрид. Фаворити се „Кралевите“, секако, но ако проработи Салах, се може да се случи. Меѓутоа, страв се вовлече во коските на навивачите на Ливепул, без разлика колку се среќни што воопшто, на свое и општо изненадување, успеаја да се пробијат до Киев.

Бидејќи во тек е рамазанскиот пост кој оваа година трае од 17. мај до 16. јуни. Еден од најважните симболи на муслиманската вера, време кога вистинските верници се приближуваат до самиот нуклеус на верата преку прочистување, духовно и физичко, откажување и делење со оние кои имаат помалку.

 

А Салах е токму тој и таков. Момчето едноставно е голем верник, но онаков какви сите, од било која конфесија би требало да бидат – скромен, вреден, ненаметлив, културен, хуман… За неговите добри дела, познати и непознати, веќе се раскажуваат и полулегенди како што е онаа за младиот крадец кој му го ограбил домот, а подоцна го вработил. И му простил, секако како што и секој вистински верник би требало да направи.

Но, таа негова посветеност би можела да направи огромен проблем за неговиот клуб во саботното финале бидејќи поради долгиот ден (Рамазанскиот пост трае од самрак до зори) би можел да пости дури 18 часа пред самиот меч.

Прочитајте го целиот напис на – sportclub.mk – ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -