fbpx
7 C
Skopje

Акад. Стефан Воденичаров: Проблемите меѓу Македонија и Бугарија се наметнати од надвор (Видео)

АКТУЕЛНО

Поранешниот прв човек на Бугарската академија на науките (БАН) академикот Стефан Воденичаров за бугарската агенција BGNES направи специјална анализа на македонско-бугарските односи. Еве што кажа академикот Воденичаров пред колегите од BGNES.

И Бугарската Православна Црква и Македонската Православна Црква, како и двете земји, имаат голема одговорност пред нивните мирјани и секако граѓаните како целина. Црковните архиереи се не само пастири, но и духовни лица со широк светоглед кои се ослободени од желбата за материјални добра. Ако се стигне до признавање на Македонската православна црква како наследник на Охридската архиепископија, која беше наша заедничка црква, тоа ќе биде од голема корист. Ова ќе овозможи прашања поврзани со духовноста на секој граѓанин на двете земји да бидат насочени кон главната цел – да се надминат акумулираните препреки со текот на годините.
Кога секој човек останува со себе и почнува да размислува малку повисоко, ќе ја разбереме длабочината и потребата  за соживот. Тоа нè доближува до односот што мора да постои меѓу граѓаните на двете земји. Се разбира, ова бара мудрост и од двете цркви за да се дојде до таков чин. Не ги  познавам добро црковните правила и точно кои чекори треба да се преземат. Се надевам дека ќе преовлада мудроста и  чувството за одговорност кон луѓето. Политичарите се многу натоварени со проблемите кои секој ден ги сервира животот и состојбите во Европа, во кои што се наоѓаме  во моментот. Треба да се најде соодветен пристап за да се привлече вниманието на политичарите за шансата што ја имаат.  Ова е историски момент, и ако некој направи таков чекор, ќе влезе во историјата и луѓето кои се вклучени во тие активности, ќе ги запишат своите имиња со светли букви во историјата. Можеби токму на овој начин треба да им пристапиме кон политичарите, за тие да посветат внимание и време за решавање на тие прашања и продолжување на процесите.
Проблемите помеѓу Бугарија и Република Македонија се наметнати од надвор. Тие не се појавија меѓу државите или меѓу граѓаните на двете земји. Ние треба да ги надминеме овие недоразбирања што е можно поскоро, бидејќи кога сме заедно, кога работиме заедно, ќе бидеме поуспешни и посигурни.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -