28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Арсим Зеколи: А кога ги сликавте и снимавте гласачите од пустец беше ок?

Ексамбасадорот во ОБСЕ и аналитичар Арсим Зеколи зборува за двојните стандарди на власта која додека беше во опозиција снимаше и го поддржуваше снимањето на гласачите на локалните избори во 2013 година.

Зеколи на својот Твитер профил денеска се осврна на осудите околу сликањето и снимањето на оние кои излегоа да гласаат на референдум.

Тој потсетува дека гласачите од Пустец исто така беа снимани и фотографирани.

-Некогаш снимањето и сликањто беше ок…напиша Зеколи, кој беше противник на владата на Груевски а сега е жесток критичар на владеењето на Заев.

Политичкиот аналитичар и коментатор Арсим Зеколи, кој е поранешен дипломат, во неговата последна колмна за Дојче Веле на македонски јазик вели дека ќе апстинира и нема да излезе на претстојниот референдум.

Во колумната Зеколи вели дека тоа го прави за да не ја легитимира корумпираната власт, за која смета дека нема ни демократски капацитети.

–Моите најбитни мотиви за апстиненција не се ниту идентитетот на Македонците, јазикот на Албанците и нашите и онака одамна пластелинизирани фолк-истории. Или барем не во директна, туку индиректна позиција. Клучниот мотив за апстиненција е одбивањето да се земе учество во уште една рунда на хипер-политички акробации за прикривање на ендемската (и веќе неизлечива) заболеност на општеството и државата со криминал и корупција како најголем и најтежок предизвик за граѓаните и гласачите. Одбивањето да се даде легитимитет на суштински корумпирана и сомнително демократски валоризирана влада (денес и вчера) е малиот индивидуален акт на директно одбивање на амнестија на криминалот (во име на интеграциите) и индиректно оградување од следните акти и чекори за идентитетски манипулации. Кои со оглед на севкупната поставеност во регионот, неминовно ќе уследат, паралелно со следните безброј „историски моменти“ во процесот на интеграции, низ кои домашната олигархија на криминал ќе се интегрира и пречистува низ европските побратимски коридори. Севкупниот концепт на наше приклучување кон ЕУ и НАТО веќе е бесмислено копирање на романско-албанско-бугарскиот модел на интегрирање поради географијата, а не поради социологијата. Наивно е да се очекува дека со таков пристап ќе се излечиме од она од што сѐ уште боледуваат наведените држави и нивни општества. – пишува Зеколи во неговата колумна.

поврзани објави

     

Последни објави