fbpx
13.8 C
Skopje

Аца Лукас ја откри вистинската причина за напуштањето од „Ѕвездите на Гранд“

АКТУЕЛНО

Аца Лукас повеќе не е дел од „Ѕвездите на Гранд“ каде што беше дел од жирито пет години. Во медиумите се шпекулираше дека си заминал поради кавга со колегите и со директорот на Гранд, Саша Поповиќ, Лукас ги откри вистинските причини за заминување.

„Не сум во жири бидејќи не ми се седи таму. Ме мрзи да седам и да снимам по цел ден, вели Лукас и објасни како ја прекинал соработката со Поповиќ.

„Само Саша Поповиќ и јас ги знаеме вистинските причини, а што се однесува до мене ќе остане тајна. Му пратив долга порака во која му кажав се што имав и му кажав да не смета на мене оваа сезона. Што се однесува до порака, никогаш нема да излезе во јавност, откри пејачот.

На местото на фолк пејачот, во шоуто влезе неговиот колега Ѓорѓе Давид. Саша Поповиќ преку Давид најави дека гледачите може да очекуваат и повеќе од вистинско шоу.

„Ѕвездите на Гранд“ е едно од најпопуларните музички шоуа во регионот, а Саша Поповиќ и неговиот тим постојано имаат желба за новитети. Откако Аца Лукас си замина од жирито, Поповиќ имаше тешка задача и да му најде достојна замена, а сега верува дека успеа во тоа. Слична ситуација беше и кога на местото на Зорица Брунцлиќ ја ангажираше Јелена Карлеуша“, изјавил близок пријател на Поповиќ.

„Ѕвездите на Гранд“ ќе имаат нов концепт, но и нов дизајн и нова сценографија која во голема мера е звршена. Друга новина во шоуто е дека учесниците ќе имаат свои ментори, и тоа од членови на жирито.

Водителската двојка ќе ја сочинуваат Воја Недељковиќ и Сања Ќужет.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -