Белата куќа оцени дека не е време за дијалог со Северна Кореја, додавајќи дека државниот секретар Рекс Тилерсон ја има довербата на претседателот Доналд Трамп и по неговата изјава дека „се одржуваат отворени канали за комуникација со Пјонгјанг“. „Тројца американци се во затвор во Северна Кореја, тоа е единствената причина да разговараме со нив во овој момент“, рече портпаролката на Белата куќа Хакаби Сандерс, додавајќи дека постои разлика меѓу водење дијалог и вршење дипломатски притисок. Тилерсон деновиве во текот на посетата на Кина изјави дека САД одржуваат директни канали за комуникација со Северна Кореја и оти ја испитуваат волјата на владата во Пјонгјанг да разговара за нуклеарната програма. Веднаш потоа Трамп оцени дека обидите за преговори со Ким Џонг Ун се губење време.
Извор: Радио Слободна Европа