fbpx
19 C
Skopje

Бил Гејтс. Се зголемува опасноста од биотерористички напад

АКТУЕЛНО

Најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс денеска предупреди дека се повеќе се зголемува можноста во светот да се случи биотерористички напад, кој од лицето на земјата би можел да избрише 30 милиони луѓе.

Причината за се поголемата можност за ваков напад лежи во тоа што денес е многу полесно од кога и да е да се создадат или прошират смртоносни патогени, додаде Гејтс.

Како што објави британски „Телеграф“, основачот на „Мајкрософт“ изминатите месеци често во своите јавни настапи предупредува на фактот дека епидемијата на смртоносни респираторни вируси би била поопасна дури и од нуклеарно оружје.

Тој смета дека сега е поважно од кога и да е досега да им се помогне на државите во следење на болестите и спречување на глобалната трагедија.

„Биотероризмот е многу поголем ризик од пандемијата“, рече Гејтс и додаде дека напредокот во биологијата довел до тоа терористите да можат полесно да создадат болести како смртоносни сипаници.

Гејтс напомена дека тоа би можело да предизвика смрт на десет милиони луѓе а толкав голем број смртни случаи не би предизвикал ниту трагичен случај како напад со нуклеарно оружје.

„Мораме сериозно да размислиме за тие ризици“, додаде тој.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -