fbpx
18 C
Skopje

Богдан Илиевски и ВМРО-ДПМНЕ со ист став: Единствен начин за да се реши кризата се нови избори

АКТУЕЛНО

57. ден како протестантите маршираат низ улиците на државата, а денеска во Скопје тие поминаа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде побараа поддршка од таа партија за нивните барања за избори.

„Денеска сме тука за да го повториме она што го порачавме во петокот. Бараме поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, за нашето барање за избори, избори за финална, избори на кои граѓаните ќе ја отфрлат Тиранската платформа. Досега покажавме дека сме посилни од Тиранската платформа, нема влада качена на Тиранската платформа, нема претседател на Собранието, кој не се откажал и не ја отфрлил Тиранската платформа, нема ниту да има, бидејќи сме посилни од Тиранската платформа“, изјави Илиевски

Единствен начин според Илиевски да се реши кризата државата да се врати во нормала, институциите да профункционираат, се нови парламентарни избори.

Ваков став имаат и од ВМРО-ДПМНЕ, чии што пратеници од собраниската говорница наместо да дискутираат за избор на нов претседател на Собранието, тие продолжуваат со реплики и контра реплики, барајќи нови избори и отфрлање на „Тиранската“ платформа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -