18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Борисов до новинарот од Сител: Немојте таа пропаганда пред мене!

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, изрази жалење и осуда за холокаустот на вчерашната церемонија во Скопје по повод 75 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка. Сепак, на новинарско прашање од Сител дали е тешко да се даде извинување од страна на Бугарија за ваков настан, Борисов прашањето го оцени како пропаганда која треба да се адресира на друго место.

-Јас само можам да кажам дека се поклонувам пред бугарскиот народ кој се спротиставил на таа машина и спасиле 48 илјади. А таа пропаганда – другата немојте пред мене – изјави Борисов.

поврзани објави

     

Последни објави