fbpx
19 C
Skopje

Чаир ќе добие нов градоначалник

АКТУЕЛНО

Актуелниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџети преку социјалните мрежи потврди дека нема да се кандидитра за уште еден мандат за градоначалник на општината.

Според него шанса треба да добијат помладите генерации во ДУИ, а оваа одлука е дефинитивна без разлика дали ќе има влада помеѓу ДУИ и СДСМ или не.

„По три мандати односно дванаесет години, дојде време да се создаде простор и можности за новите генерации на нашата политичка структура да го дадат својот придонес и знаење како и да ги покажат своите вештини и одговорност. За мене беше чест да се влезе во историјата како прв претседател на албанското мнозинство во општините во градот Скопје“, сподели Меџети.

Меџети е еден од најголемите борци во ДУИ против составување на влада со Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со градочалниците на Тетово и Гостивар, Теутра Арифи односно Невзат Бејта.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -