6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Д-р Вања Стојанова: Илинденско Преображенското востание е најголемото востание на бугарите во ново време

Д-р Вања Стојанова од бугарскиот Институт за историски истражувања

 

Востанието како средство за постигнување на политичката цел ослободување на Македонија и Тракија под формата на политичка автономија според член 23 од Берлинскиот договор се залага уште во првиот устав на Внатрешната револуционерна организација, наречена така, независно од промените во името во текот на годините. Востанието требало да биде добро подготвено за да се надева на успех. Тоа убедување го споделуваат сите револуционери. Но во есента 1902 г. ситуацијата во Македонија и Одринско се влошува. По Горноџумајското востание репресиите над бугарското население се зголемуваат многукратно. На многу места револуционерните комитети се разгромени, видни дејци на организацијата се апсени а други протерувани.

 

Во една таква ситуација во јануари 1903 г. на заседание, свикано од Иван Гарванов, тогашен претседател на ЦК на Внатрешната организација, владее мислењето, дека треба да се подготви востание, кое ќе избувне пролетта 1903 г. Дискусиите за ова прашање продолжуваат и во Софија по задграничните претставници на организацијата. Да се вратат назад е невозможно. На почетокот на мај во Битолскиот револуционерен округ заседува Смилевскиот конгрес, кои го потврдува решението за востание.

 

Во Одринскиот револуционерен округ таков конгрес се свикува на Петрова нива на 28 јуни или 11 јули по нов стил. Го свикува Михаил Герджиков. Веќе кажав дека, тој од есента 1902 г. е ревизор – инспектор на источниот дел на Одринско револуционерниот округ. Главното прашање, кое треба да се реши, е дали е спремно Одринско за востание и треба ли тоа да се организира, треба ли да избувне едно такво востание. После бурни дискусии само со еден глас “против“ е донесено решение и Одринско да застане солидарно со своите браќа од Македонија. Со цел да се подготви подобро востанието и да се набави повеќе оружје Главното раководно воено тело, избрано од Конгресот на Петрова нива, кое треба да раководи со востанието во Одринско, носи решение тоа да биде одложено со 2 недели и наместо на Илинден, кога избувна востанието во Битолско, Одринско избувнува на 6 август, ден Преображение Господово.

Востанието е подготвено и ова е одразено во Општиот план на востанието, не за да постигне краткорочна победа, туку да биде продожително и да предизвика внимание кај Европа и Големите сили за подобрување на ситуацијата во Одринско и во Македонија. За жал, Бугарија, која секогаш ја поддржувала борбата на бугарите во Македонија и Одринско, во тој момент се покажува политички и воено неподготвена. И владата ги предупредува организаторите на востанието, дека нема да може да се интервенира. Таква интервенција пред бугарските владетели прават и големите сили. Категорично предупредуваат, дека совлошувањето на односите меѓу Бугарија и Отоманската империја ќе има драматични последици за Бугарија. Русија исто така не може да се меша, бидејќи во тој период нејзиниот поглед е свртен кон Далечниот Исток, каде има знаци за војна со Русија. Дејствијата на востаниците и жртвите кои се дадени, бегалците, кои доаѓаат во Бугарија, доволно говорат за сочуството на бугарската и меѓународната општност и исклучително силна и добра волја во полза на жртвите на востанието.

На прво место, професионалните историчари работат коректно со историските факти и извори во овој поглед. Тие треба само да ги читаат и интерпретираат во духот на времето, во контекст на времето, а не да се цитираат селективно и изопачено. Темата за борбата на бугарите во Македонија и Одринско ја има во сите бугарски учебници и сам убеден, дека независно што се случува со учебната програма, учителите успеваат да ги предадат тие лекции онака како што е потребно и правилно. И мислам дека и медиумите доста добро ја информираат јавноста за тој проблем. Просто треба да бидеме во согласност со овие лекции. Мислам дека никој не се плаши од нив, ниту ние, ниту нашите браќа во Република Македонија. Вистината не може да навреди никого.

Целото интервју прочитајте го на – focus-news.net – ОВДЕ

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -