После турболентниот период кој Дарко Лазиќ го преживеа по разводот со Ана, експлицитната снимка како зема опијати, како и тепање кое го добил поради нерешени сметки, пеачот решил да го промени животот од корен.
Ѕвездата на Гранд, која подготвува две нови песни, заборува за новата девојка, како и за опијати.
– Неможам повеќе да се правдам, но, луѓе јас повеќе не користам такви работи. Живеам нормален живот. По мене се гледа дека сум среќен и дека е се во најдобар ред. Сакам да зборувам и да мислам на убави работи во животот.
Сешто поминав , но останав нормален човек и сакам повеќе да престанам со тоа за “шмркање”, вели Лазиќ.
Пеачот, и покрај нападот кој го доживеал нема обезбедување.
– Немам обезбедување, со мене одат само мои другари. Убаво е кога имаш пријатели кои се со тебе. Инцидентот кој го имав позади мене е, сето тоа помина и нема потреба било кој да се возбудува. Мене физичка заштита не ми треба, ништо лошо не правам.
Дарко ја коментирал сојата врска со Марина Гагиќ:
– Да, многу сум среќен и заљубен, мислам дека на мене се гледа. Но рано е да зборувам за веселба и венчавање.
Во најновото издание на „Амиџи шоу“ гости беа Теодора Џехверовиќ, Дејана Живковиќ и Дарко Лазиќ, кој за првпат по случувањата во неговиот живот гостуваше во ТВ емисија.
Тој ја отвори душата и раскажа се на темата во врска со разводот со Ана Севиќ, насилството кое го доживеа и новата љубов.
-Океј, скроз, како мораше. Во супез однос сме, едноставно не одеше и тоа е тоа. Мене не ми е јасно зошто уште се пишува за нас, секој води свој живот, имаме супер комуникација околу Лорена и тоа е тоа, вели Дарко за Ана.
Мислам дека имаше мало недоразбираше, тоа е решено, не сакам да ширам, вели пејачот за насилството кое го доживеа.
-Среќно сум заљубен и супер ми е, во врска сум веќе седум месеци. Јас го запознав момчето на Ана, таа мојата девојка се уште не и тоа, заклучи Дарко.
Подетално погледнете во снимката од продолжение: