fbpx
22.8 C
Skopje

Делегација на УМС предводена од Кржалоски оствари средба со хрватскиот премиер Пленковиќ

АКТУЕЛНО

Делегација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на УМС Лука Кржалоски, заедно со потпретседателот Филип Георгиев, секретарот Владо Бошњаковски и Тодор Конески оствари средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Делегацијата на УМС неколку дена е во Хрватска и има средби со владејачката партија ХДЗ, што уште еднаш ги потврдува добрите релации меѓу двете сестрински партии, како и нивните подмладоци.

-Унијата на Млади Сили со еден голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, премиерот на Република Хрватска, господинот Andrej Plenković. Во краткиот разговор што го имавме изрази надеж за прогрес на нашата држава и партија и испрати големи поздрави до нашиот претседателHristijan Mickoski 🇲🇰🇭🇷, објави Кржалоски на социјалните мрежи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -