fbpx
22.8 C
Skopje

Денеска е Мала Богородица – еден обичај задолжително треба да се испочитува

АКТУЕЛНО

Денеска е Раѓање на Пресвета Богородица-Мала Богородица.

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот.

Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете. Голема им беше радоста кога се роди Марија, но голема беше и нивната чесност пред Бога, па тие, не заборавајќи дека Бог на посебен начин им го дал детето, ја дадоа Ма¬рија да се воспитува во Ерусалимскиот храм до времето кога му стана свршеница на праведниот Јосиф, т.е. кога Бог одреди да ја прими бла¬гата вест од ангелот дека ќе го роди Спасителот на светот.

Бидејќи ова е празник на раѓањето, мајките го поминуваат со децата. Избегнувајте ги сите потеши работи, како и работи кои се прават со рака, како на пример плетење, шиење…

Исто така се верува дека на овој ден не треба да се носат важни одлуки, а дека започнувањето на големи работи никако не смее да се прави.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -