fbpx
20.8 C
Skopje

Девојче во Аеродром поминало низ хорор: Ја фатиле за раце и нозе соученичката и ја фрлиле низ прозор

АКТУЕЛНО

Вистински хорор претрпело 14-годишно девојче од Аеродром, откако нејзини соученици во училиштето насилно ја фатиле за раце и нозе, по што ја фрлиле од прозор.

Како што инофмираа од МВР, пријавено било дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја.

Девојчето се здобило со телесни повреди.

Од МВР информираат дека ќе преземат мерки за целосно расчистување на случајот, а кон насилните деца ќе биде биде покрената истрага.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -