fbpx
18 C
Skopje

Димовски до Села: Струга е загадена, немате што другo да понудите, па овде се правите најголем Албанец

АКТУЕЛНО

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска од собраниската говорница му порача на Зијадин Села да не си игра со чувствата на граѓаните кога тврди дека не постојат македонци. Тој го предупреди да престане својата неспособност како градоначалник на Струга да ја префрла на ВМРО-ДПМНЕ и немајќи што друго да изиграва најголем Албанец со тоа што со сите свои изјави ги навредува Македонците.

„Господине Села вие си играте со чувствата на граѓаните кога тврдите дека не постојат Македонци, а исто и колегите од СДСМ заради тоа што вашите три пратеници се клучни во ова Собрание и ниту еднаш не ја осудија вашата изјава со која што тврдите дека Македонци не постоеле од пред 100 години. Знаете, за да постои геноцид мора да има тенденција на намалување на население, а не на зголемување на население. Пример, во вашето родно село пред 100 години пола од населението биле Македонци. Денес нема ниту еден Македонец. Во вашето родно село пред 100 години имало црква но во 1960 година таа црква е срушена. Можеби на тоа треба да дадете одговор.

Ве молам немојте да отварате вакви теми и да ги злоупотребувате чувствата на граѓаните за дневна политика и да се правите најголем Албанец тука поради тоа што немате што друго да понудите. Заради тоа што десет дена Струга е загадена од запалената депонија за која што ништо не сте направиле додека бевте градоначалник па да одговарате зошто не само Македонци, туку и Албанци да дишат најнечист воздух во Република Македонија последниве 10 дена и тука ќе продавате патриотизам и ќе кажувате геноциди и ќе хушкате народ против народ.

Немој да заборавите дека дека обичните луѓе и Македонци и Албанци и Турци и сите останати кои што живееле и во Струга и во Велес никогаш немале проблем помеѓу себе да живеат, никогаш немале проблем да си помагаат, никогаш немале проблем да си честитаат Велигден или Курбан Бајрам, си помагале во секоја прилика.

Немањето концепт како да се дојде на власт освен да се крене омраза на Албанците спрема ВМРО-ДПМНЕ е метод во кој што вие учествувавте, а го водеше СДСМ. Ги злоупотребувате луѓето. Еден ден вие ќе ја плаќате цената од Албанците не од Македонците, заради тоа што вие потфрливте како градоначалник на Струга. Заради тоа што некој друг во Тетово потфрли како градоначалник и сите ваши неуспеси ги префрлате на сметка на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Заради тоа што треба да се вратите во Струга и да кажете што не сте направиле? Е не го кажувате тоа вам ви е полесно да кажете овие ВМРО се вакви, овие ВМРО се такви, овие ВМРО се незнам што. Ве молам, не чепкајте по теми кои што не ги познавате, второ по теми кои што предизвикуваат негативни реакции“, рече Илија Димовски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -