fbpx
1 C
Skopje

Додека власта му предвидува пуч, Мицкоски доби многу важна поддршка

АКТУЕЛНО

СДСМ: Штип ќе биде во сигурни раце

Штип ќе добие градоначалник со полн легитимитет на целосно безбедни избори за здравјето на граѓаните и за сите учесници во изборниот процес. Штип...

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...

Јоци до Бранко: Вие сте одамна политички мртви, не ви давам да ја растурите Македонија

Другпат поубаво да ме читате кога ви кажувам предвреме кој е кој и што ќе се случува. Односно, дека ова што го прави ,,БЦ...

Додека високи претставници на СДСМ и ДУИ брифираат за раскол во раководството на опозицијата лидерот на ВМРО – ДПМНЕ добил значајна внатрепартиска поддршка од партиски колеги за кои се шпекулираше дека имал недоразбирање при изборот за лидер.

Според владеачките партии една од фракциите во партијата кои што сакаат да го урнат Христијан Мицкоски од лидерската позиција ја предводи екс министерот за надворешни работи и актуелен шеф на комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски.

Но Милошоски деновиве ги надминал сите предходни недоразбирања со Мицкоски и му дал апсолутна поддршка за водење на партијата во критичните моменти за Македонија во пресрет на промената на уставот, претседателските избори и еветуалните предвремени избори што може да се случат заедно со претседателските најверојатно до средината на март.

Милошоски неофицијално беше од незадоволните потенцијални кандидати за лидер на ВМРО – ДПМНЕ кој лани во декември не беше задоволен од начинот на кој што беше организиран конгресот на ВМРО – ДПМНЕ.

Според информациите на expres.mk Милошоски е задоволен од начинот на кој што Мицкоски ја води партијата во тешките моменти за Македонија и ги понудил сите свои капацитети за идната битка на опозицијата против владеачката коалиција.

Токму тој ја водеше прес конференцијата во петокот на која беше побарано СДСМ и ДУИ да закажат гласање за уставните измени.

Антонио Милошоски е еден од највлијателните членови на ВМРО – ДПМНЕ во пратеничката група, важи за еден од најприсутните во јавноста особено на социјалните медиуми а за време на кампањата за референдумот заедно со лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски беше еден од ретките што јавно лобираше за бојкот.

Покрај Милошоски уште неколку други влијателни пратеници на опозицијата му изразиле целосна поддршка на Мицкоски во престојните политички премрежија.

ВМРО-ДПМНЕ ниту ги потврдува ниту демантира ваквите информации.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: Подгответе се за минусни температури и до -11 степени, еве ги деталите за наредните денови

Времето утре ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе...

СДСМ: Штип ќе биде во сигурни раце

Штип ќе добие градоначалник со полн легитимитет на целосно безбедни избори за здравјето на граѓаните и за сите учесници во изборниот процес. Штип...

Многу солзи и емоции за легендата: Ќерката на Марадона плачеше на “Ла Бомбонера” кога играчите на Бока прославија гол пред неа

Бока јуниорс синоќа го победи Њувелс Олд Бојс со 2-0, се беше во знакот на Диего Марадина, а неговата ќерка Далма во живо го...

Вистинската љубов е над човечkите поделби и спротиставености

Епископ Партениј, Игумен Бигорски Во Стариот Завет, браќа, читаме како, кога како, кога Каин од завист го убил брата си Авел, Господ го запрашал каде...

Стојанче му свари кафе на Апасиев: Ќе слушаме убава, стара македонска музика со интересен текст

Во тек е процесот на подготовка на турско кафе за народниот пратеник, професорот Апасиев. Без шеќер со тоа што сигурно ќе преврие додека пишувам. Со кафето...
- Advertisement -