fbpx
11.8 C
Skopje

Два хороскопски знаци ги очекува напорен викенд – Викенд хороскоп

АКТУЕЛНО

Овен

Викендов ќе уживате во сите среќни моменти кои ви ги нуди животот. Се чувствувате одлично, полни сте со енергија и љубов. Но, препорачливо би било да бидете умерени во сите аспекти. Внимавајте на своето здравје бидејќи постојат извезни ризици. Најдобро функционирате во друштво на Бик и Вага.

Бик

Немате причина, а имате чувство на ниска вредност према личности од спротивниот пол. Причината за ваквото однесување е недостиг на самодоверба. Исто така, викендов ќе бидете неосновано љубоморни. Вашиот партнер е многу комплицирана личност, но морате да се изборите со неговите проблеми и она што најмногу ви пречи – неговата тврдоглавост.

Близнаци

Ве очекува напорен викенд, ќе мора да ја вложите сета расположлива сила. Тешко се одрекувате од започнатото, но препорачливо би било да се откажете доколку сакате да функционирате поедноставно. Веќе од понеделник со голема леснотија ќе ги завршите сите обврски, а и сите проблеми ќе исчезнат.

Рак

Припадник на знакот Водолија може да ве спаси од состојбата во која се наоѓате. Размислувањата во врска со иднината ве паничат и ви создаваат страв. Наскоро ќе добиете нова идеја која воедно ќе биде решение на сите ваши проблеми. Не ви е лесно, но сетете се на претходните искуства.

Лав

Не очајувајте доколку ви се случи мала караница со партнерот. Со добар и мирен разговор може сѐ да се реши. За оние кои не се во врска, во сабота навечер, бидете подготвени за еден повик од некоја личност која ви се допаѓа.

Девица

Дефинитивно ова се деновите кои ќе сакате да ги преспиете. Бројните напнати ситуации само дополнително ќе ви го уништат викендот, а ни вашиот партнер нема да се потруди да ве расположи. Вечерва легнете си порано, утре е нов ден.

Вага

Поради вашето макотрпно работење, време е да се почестите со шопинг. Внимателно разгледајте ги продавниците, можеби ќе најдете одлично парче облека кое добро ќе ви прилега. Во недела вечер, излезете и релаксирајте се пред напорната работна недела.

Шкорпија

Вложете ги вашите пари во нешто навистина корисно. Потрудете се да се храните малку поздраво, тоа ќе допринесе да се чувствувате поенергично. Во сабота, партнерот ќе ви приреди изненадување, заблагодарете му се со еден ден целосна посвета на него.

Стрелец

Ќе имате потреба од многу активности. Но, добро размислете пред да преземете каква било акција. Отворено барајте помош од својот партнер бидејќи сѐ уште се однесувате и размислувате како мало дете и немате објективни гледишта. Не ги трошете енергијата и времено залудно.

Јарец

Ќе имате интересен викенд. Шкорпиите ќе ви помогнат да функционирате подобро, но пак, во нивно друштво се чувствувате омаловажени. Имајте на ум дека ова е само субјективна проценка. Бидете свесни за сопствените квалитети. Изберете една вечер од викендот каде ќе излезете и ќе блеснете на забавата. Ве очекуваат многу понуди од спротивниот пол.

Водолија

Овој викенд желбата за доминација ќе ви биде нагласена, но не му замерувајте на партнерот доколку ви приговара дека го преоптеретувате. Размислете го добро она што ви го кажува и обидете се да се промените. Нема да биде лесно, но верувајте, ќе биде корисно. И очекувано, ќе следат пофалби одоколината.

Риби

Вложувате максимален напор, но постигнувате минимални резултати. Сепак, трудот ќе се исплати. Избегнувајте непромислени изјави и насилие бидејќи може да имате сериозни проблеми. Практикувајте прошетки на свеж воздух. Дружете се со Шкорпии.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -