fbpx
24.8 C
Skopje

Еден член на жирито одлучи да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“

АКТУЕЛНО

Иако можеби многумина очекуваа дека жирито на „Ѕвездите на Гранд“ ќе биде во ист состав како и претходните сезони, сепак тоа нема да се случи.

Три години по ред, во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ се Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, Ана Бекута, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Аца Лукас. Меѓутоа, од следната сезона која започнува на есен, жирито останува без еден член.

Станува збор за Аца Лукас кој се скара со Јелена Карлеуша, а подоцна и со Саша Поповиќ.

Лукас поради кавгата со Карлеуша се скарал и со Поповиќ, па одлучил да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и да не биде дел од тимот пишува Блиц.

Останува да видиме дали навистина Лукас нема да биде дел од жирито и кој ќе биде негова замена.

Извор: Вистина

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -