fbpx
26.8 C
Skopje

Еден од најугледните американски весници „Вашингтон пост“: Заев и Ципрас се „миротворци“

АКТУЕЛНО

Еден од најугледните американски дневни весници “Вашингтон пост“ во вчерашната уредничка колумна има напишано дека од договорот што го постигнаа премиерите на Република Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас поентираат и двете нации.

Според пишувањата на весникот промената на името е незначителна, бидејќи договорот прави значаен пробив во дипломатскиот ќорсокак кој беше закана за НАТО и ЕУ аспирациите на Македонија.

„Вашингтон пост“ ги нарекува Заев и Ципрас „миротворци“ и порачува дека во контекст на обременетите националистички страсти и долгата историја на разликите “новото име оди на сметка на двајцата лидери кои водеа истрајни преговори наспроти опозицијата дома и бремето на историјата“.

– Доколку овој долго очекуван компромис стане жртва на национализмот и политичкиот комформизам, ќе настапи тажен ден за дипломатија, и изгубена шанса за што двете земји многу брзо ќе зажалат, наведува „Вашингтон пост“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -