fbpx
36.8 C
Skopje

Експлозија во непосредна близина на турската граница: Десетици мртви во бунтовничкиот град Азаз

АКТУЕЛНО

Камион полн со гориво екплодираше во центарот на бунтовничкиот град во Сирија во непосредна близина на границата со Турција, убивајќи десетици луѓе.

Сириската опсеваторија за човекови права соопшти дека најмалку 43 лица, претежно цивили, загинале кога цистерната експлодираше пред судската зграда во северниот град Азаз. Бројката на повредени е непозната но се очекува да биде поголема од 100.

Турската новинарска агенција „Доган“ изјави дека автомобил-бомба поставен од страна на Исламската држава бил иницијаторот за големата експлозија. За сега никој не ја превзема одговорноста.

Еден од жителите на градот, кој бил во локалната болница, за Ројтерс изјавил дека успеал да изброи околу 30 мртви тела.

Од турската војска соопштија дека во последните 24 часа во знак за подршка на бунтовниците во северниот дел на Сирија, убиени се околу 21 милитант на Исламската држава.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -