fbpx
21.8 C
Skopje

Енрике: Тоа е фудбалот- им симнувам капа на Јувентус

АКТУЕЛНО

Тренерот на Барселона Луис Енрик изјави после елиминацијата од Лигата на шампионите дека во неговиот тим недостасувало острина во завршниците на акциите.

„Тоа е фудбалот. Сакавме да играме во брз ритам, да упатиме многу удари во рамките на голот, но ни недостигаше острина во завршниците на акциите. Тоа беше квалитетен натпревар помеѓу два големи клуба. Им симнувам капа на Јувентус, бидејќи на крајот беа подобри од нас“, рече Енрике.

„Имаат одличен тренер, и одлични играчи сето тоа е потребно да се освои Лигата на шампионите, но ќе имаат голема конкуренција во останатите полуфиналисти“, додаде Енрике.

Дефанзивецот на Барселона Џерард Пике истакна дека Јувентус заслужил пласман понатаму.

„Гледајќи ги и двата натпревари Јувентус беше подобар од нас и заслужи да се најде во полуфиналето. Им посакувам се најдобро во продолжението бидејќи мислам дека можат да ја освојат Лигата на шампионите“, вели Пике.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -