fbpx
-3 C
Skopje

ЕУ: Нема војска на Косово без поддршката од сите заедници

АКТУЕЛНО

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Европската Унија го има истиот став со НАТО и САД за прашањето на војската на Косово и истакнува дека нема трансформација на Безбедносните сили на Косово во војска без поддршката од сите заедници на Косово, денеска соопштија од седиштето на ЕУ во Брисел, пренесе Танјуг.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека Комисијата внимателно ги следи случувањата на Косово во поглед на трансформацијата на Косовските безбедносни сили.

„ЕУ го дели мислењето со НАТО и САД за ова прашање. Ваквата трансформација мора да подразбира сеопфатен и мултиетнички процес, што ќе обезбеди поддршка од сите заедници на Косово“, го пренесе Коцијанчиќ ставот на официјален Брисел за Танјуг.

По повод намерата на властите во Приштина Безбедносните сили на Косово да ги трансформираат во војска на Косово претходно се огласи и НАТО.

Во седиштето на НАТО во Брисел велат дека се загрижени заради ваквите намери и еднострани потези на Приштина, а генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, веќе изјави дека за овој најнов случај тој е во постојан контакт со партнерите од ЕУ.

Денешното соопштение на Европската комисија ги потврди неофицијалните информации дека Алијанската на властите во Приштина им порачала дека во евентуален процес на трансформација на Безбедносниите сили на Косово мора да се води сметка за ставот на Белград и косовските Срби.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: Неприфатливо е добивање државјанство со сведоци, мора да има доказ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сè уште имаат...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...
- Advertisement -