fbpx
17.8 C
Skopje

Еве што значи да ја сонувате личноста во која сте заљубени

АКТУЕЛНО

Кога го сонувате вашиот сакан, често, проверувате во соновник што значи тоа. Еве го значењето на најчестите сонови за симпатијата.

Ако ја сонувате личноста во која сте заљубени, тоа значи дека вашата љубов е силна, дека постојано мислите на таа личност. Ако не сте заедно ќе соберете сила и ќе и ги соопштите своите чувства. Можно е љубовта, иако не знаете, да е обострана.

Ако на сон ја гушкате личноста во која сте заљубени, значи дека тежнеете за некој. Може да сте далеку од другата личност.

Ако на сон ја напуштите саканата личност, тоа значи дека ќе донесете важна одлука поврзана со таа личност.

Прашањето има неколку алтернативни одговори од кои вие треба да го одберете вистинскиот:

Сте се заљубиле во некој друг

Девојките кои излегле од стресна врска неодамна и се заљубиле во нова личност, секогаш се под притисок од сеќавањето на бившиот партнер.

Ако и вие сте биле дел од една ваква врска, притисокот на минатото може да биде причината поради која го сонувате бившиот.

Ослободете се од негивните чувства, гневот и лошите сеќавања. Тогаш соништата во кои тој се појавува ќе се претворат во соништа со вашиот нов партнер.

Ви недостига сексот со него или сексот воопшто

Доколку сте уживале во сексот со него, најверојатно ви недостига таа природна активност која одреден период сте ја практикувале со него и затоа имате еротски соништа во кои тој е главната улога.

Запрашајте се, дали ви недостига тој или само сексот. Доколку се работи само за секс, тоа чувство ќе исчезне кога ќе запознаете нова личност, а соништата ќе престанат.

Ви недостига неговото присуство

Доколку на претходното прашање сте си одговориле дека ви недостига тој и неговото присуство, повеќе од сексот, вие се чувствувате како и секоја нормална девојка после болно раскинување. Затоа и го сонувате бившиот.

Продолжете со животот и чекајте го вистинскиот, а соништата сами ќе престанат со текот на времето.

Пред спиење размислувате и се прашувате зошто

Најверојатно пред спиење размислувате за тоа што се случило и постојано го барате одговорот на прашањето – Зошто?

Тоа е причината поради која тој често е присутен во вашите соништа, во кои според вас се обидува да ви даде одговор на прашањето.

Сè уште имате чувства кон него

Доколку чувствувате сè уште нешто кон него, не е потребно да се прашувате зошто тој ви доаѓа секоја вечер во соништата и ве мачи со неговото сеќавање.

Ако не сакате да продолжите секоја вечер да заспивате сами, дајте ѝ втора шанса на врската и ставете крај на соништата. Почнете да ги остварувате заедно со вашиот бивши партнер.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -