fbpx
6.8 C
Skopje

ЕВРО-БАЛКАНИЗАЦИЈА

АКТУЕЛНО

Самитот во Софија што се одржа оваа недела во нашата земја може да се смета како успех за сите. Бугарија успеа да покаже дека е способна да ги внесе земјите од Западен Балкан во агендата на Брисел. Брисел покажа дека му е гајле за државите, за кои никогаш не се интересирал кој знае колку, а политичките лидери на нашите соседи, демонстрираа пред своите гласачи дека храбро трчаат по патеката на модерните западни земји, во обид да се отцепат од руските влијанија, кинеските апетити и турските амбиции.

Најголема корист од сето тоа има Бугарија. Ќе граничи со посилни економии со поголеми потреби. Ќе се градат патишта, ќе се бараат стоки, услуги, приходите на населението ќе се зголемуваат. Опишани на овој начин, прогнозите изгледаат одлично.

Но … Никој не може да каже колку долго балканските земји ќе мора да одат кон својата европска интеграција, и дали промената ќе одземе долг период од време.

Неколку дена пред средбата во Софија на пример, во Подгорица имаше напад врз новинарката Оливера Лакиќ, која често се занимава со корупцијата на владејачката елита на Црна Гора, каде што голем дел од медиумите се провладини. И меѓу другото, тие ги напаѓаат сите што се осмелиле да ја критикуваат власта, определувајќи ги како “отпадници” и “предавници”.

Општо земено, од неколку години целиот регион е преплавен од нова агресивна стратегија за пресметки со медиумите, кои вклучуваат различни алатки. Од толерирање на политички таблоиди кои наизменично го чистат имиџот на власта со криминални и жолти вести, до државно финансирање на послушните и притисок врз сеуште слободните медиуми.

Покрај Бугарија, ние гледаме слични проблеми во Унгарија, Полска, Словачка, Малта. Во Македонија, секој што има позитивен став кон Европската унија е нарекуван “соросоид”. Слична е и сликата во Србија. Ако ЕУ продолжи да се однесува како да нема проблем, наскоро во нејзиниот центар, а и во периферијата ќе се појават поделени и зомбирани општества кои не само што нема да бидат заинтересирани за европските идеи и вредности, туку ќе следат директно модели на однесувања кои се профитабилни за луѓе кои се наоѓаат многу далеку од Европа.

Брисел треба да размисли за овој проблем денес и дури тогаш да го планира своето “утре”.

Автор: Светослав Иванов/БТВ

Извор: Трибуна.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -