fbpx
5 C
Skopje

Евросонг: Украина забранува настап на Русија

АКТУЕЛНО

Домаќинот на овогодишниот „Евросонг“ би можел да забрани настап на руската претставничка Јулија Самоилова со песната „Flame is burning“ на натпреварувањето во Киев бидејќи пеела на Крим.

Украинската известувачка агенција објави дека е спорно тоа што Јулија настапила на Крим 2015 година после руската анексија. Украина забрани влез во земјата на сите кој илегално претстојувале на овој полуостров.

Се чини дека руската претставничка нема да биде исклучок, а доколку Украина навистина и забрани учество на „Евросонг“, Русија ќе го бојкотира натрпеварувањето. Русите минатата година остро реагираа поради победата на украинската претставничка Џамала со песната „1944“ која зборува за Сталиновото протерување на Татарите од Крим.
Инаку Јулиа Самоилова уште од дете е врзана за инвалдиска количка, а пошироката јавност ја запозна пред три години на отварањето на Параолипмиските игри во Сочи, но и во рускиот „ X Factor“.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -