fbpx
19 C
Skopje

Федерер со нова лекција за Надал

АКТУЕЛНО

Роџер Федерер го освои третиот трофеј во 2017 година, откако го победи својот вечен ривал Рафа Надал со 6:3/6:4 во фантастичното финале на Мастерсот во Мајами.

На швајцарскиот „Маестро“ му беа потребни по еден брејк во двата сета за да стигне до 14-та победа во дуелите со Надал, кој се уште води со 23 победи во меѓусебните дуели и барем уште една година ќе ја чека првата титула од Мајами.

За 35-годишниот Федерер ова исто така е трета титула од вториот американски Мастер, а доаѓа по освојувањето на 18-тиот гренд слем трофеј на Австралискиот опен токму со победа над Надал и по трофејот од Индијан Велс, со што го комплетира совршениот прв дел од сезоната пред преселбата на европските земјени терени, каде што Надал доминираше во минатото.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -