fbpx
6.8 C
Skopje

ФОТО: МИНУТИ ДО ИСТОРИСКИОТ АКТ НА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ВО ПСАРАДЕС

АКТУЕЛНО

Броени минути остануваат до официјалната церемонија за потпишување на договорот за решавање на деценискиот спор за името и стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Република Грција. Настанот е предвиден да започне во 10:30 ч во грчкото село Псарадес на брегот на Преспанското езеро. Мерките за безбедност во моментов се одвиваат на највисоко ниво.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се очекува да пристигне околу 10:30 ч заедно со министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, специјалниот медијатор на ООН Метју Нимиц, вицепремиерот на ЕК и врховен претставник на ЕУ Федерика Могерини, комесарот на ЕУ, Јоханес Хан и претставникот на генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш Розмари Ди Карло, заменик – генерален секретар за политички прашања.

Од македонска страна ќе пристигне премиерот на Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со борд преку езеро, доколку дозволи времето. Ако временски услови не се потврдат како добри, тогаш тој ќе пристигне со автомобил од новиот граничен пункт. Грчкиот премиер и другите лица од неговата делегација ќе се сретнат на пристаништето со гостите и пеш заедно ќе тргнат кон местото каде што ќе се спроведе церемонијата по потпишувањето. По завршување на церемонијата, двајцата премиери, министрите на земјите и официјалните гости ќе се качат на брод и ќе заминат на другата страна од езерото, од македонска страна односно во градот Отешево, каде што ќе има официјален заеднички ручек и собир.

ФОТО

Интересот на медиумите за церемонијата за потпишувањето на договорот е голем. Околу 170 новинари се акредитирани од Грција и Македонија, но и од Бугарија и Србија.

Фото

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -