fbpx
20.8 C
Skopje

ФОТО/ Престанала да се депилира и вели: Ги сакам моите влакнести нозе, сакам да останам таква

АКТУЕЛНО

Шпанската новинарка Палома Гони предизвика бројни реакции и коментари откако напишала контроверзен блог во кој вели дека ги поддржува жените кои не се депилираат, давајќи самата пример дека токму тоа е вистинскиот начин за да тие да се чувствуваат природно.

Палома Гони себеси се дефинира како многу влакнеста жена која еден ден се заштитила од тортура// депилирање кое го имала уште од тинејџерските денови, само поради тоа што на тоа била присилувана од друштвото кое на тој начин ја убедувало дека е поубава. И така пред неколку месеци таа одлучила да престане да се депилира. Го замолила дечкото (кој на почетокот ја одбил) да ја фотографира и ги поставила фотографиите на интернет за да ја поттикне дискусијата. И додека многумина ја фалат поради автентичноста и храброста, има и такви кои останаа шокирани.

ФОТО

А токму таа сакала да го постигне тоа, да ги поттикне луѓето на дискусија за тоа што е всушност убаво.

Зошто е нормално мажите да имаат влакна, а жените не? Палома навела истражување на професорката Breanne Fahs од Универзитетот во Аризона, која имала експеримент така што замолила студентки да не се депилира цели 10 месеци. Поголемиот дел од нив се покажале како лезбејки, додека некои од мајките на тие девојки ги прашале ќерките дали сакаат да станат машко. Им зборувале дека никогаш нема да пронајдат партнер бидејќи нивните нозе не се депилирани и дека нивниот пазуви изгледаат “грозно“.

 

ФОТО

Таа заклучува и признава дека не е сигурна дека сака да издржи цело лето недепилирана токму поради притисокот од друштвото.

Глумицата Mayim Bialik, ѕвезда на серијата Теорија на големата пракса, е една од попознатите жени која не се депилира.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -